AdWords 101: Вообичаени заблуди околу клучните зборови

(Oва е гостински пост на Ева Пиперевска, маркетинг менаџер во G6 Solutions. Ева се реши да напише серијал на блог постови за Google AdWords на Medium. Ги реобјавуваме со нејзина дозвола)


Google Adwords е платена платформа за рекламирање, достапна за сите бизниси без разлика дали станува збор за мали бизниси или големи корпорации.

Мит бр. 1: Вашите реализации влијаат на квалитетот на вашиот рејтинг.

Вистина: Процентот на реализација на вашите реклами не влијае на квалитетот на вашиот рејтинг. Некои огласувачи кои користат Сonversion tracking, погрешно веруваат дека ако постават реализација на целната страница на својот веб-сајт која е лесна за постигнување лесно ќе добијат поголем процент на реализација на нивните реклами и тоа ќе го подигне квалитетот на нивниот рејтинг. Всушност тоа нема да влијае на рејтингот, а само ќе го отежни мерењето на вистинската ефикасност на Adwords рекламата.


Ева предава курс за AdWords преку Brainster. Пријавете се!


Мит бр. 2: Алатката за клучни зборови ни препорачува одредени зборови, кои може да ги користиме.

Вистина: Алатката за клучни зборови не ви препорачува и не ве советува кои клучни зборови треба да ги користите. Таа само покажува предлози на основа на зборовите кои вие сте ги употребиле, кои можат да ви користат или да ви послужат како идеја. Вие сами одлучувате кои зборови ќе ги додадете во листата со клучни зборови.

Вие исто така сами одлучувате дали ќе ги користите резултатите од алатката за клучни зборови или пак истите ќе ги искористите само како идеја за поспецифични клучни зборови во рамките на вашата кампања. Сепак имајте во предвид дека тие резултати дури и да немаат ништо заеднично со вашиот бизнис, можат да бидат искористени во листата на негативни клучни зборови и да ви помогнат да заштедите на импресии кои ќе ви донесат помалку реализации.

Мит бр. 3: Малите и големи букви во клучните зборови имаат значење.

Вистина: Системот на AdWords не прави разлика меѓу мали и големи букви. ‘Хотел во скопје’ е исто како ‘Хотел во Скопје’ и исто како ‘хотел во Скопје’. Како препорака, пишувајте ги сите ваши клучни зборови со мали букви.

*Информациите во овој пост се превземени од официјалниот блог на Google Adwords.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии