Adwords 101: Неколку митови за Google AdWords

(Oва е гостински пост на Ева Пиперевска, маркетинг менаџер во G6 Solutions. Ева се реши да напише серијал на блог постови за Google AdWords на Medium. Ги реобјавуваме со нејзина дозвола)


Google Adwords е платена платформа за рекламирање, достапна за сите бизниси без разлика дали станува збор за мали бизниси или големи корпорации.

Мит бр. 1: Некои агенции имаат писмени договори со Google, кои им овозможуваат да постават реклами на првите три позиции на левата страна на страницата со резултати од пребарувањето.

Факт: Според Google, ниту една фирма не може да потпише т.н. „Договор за ексклузивност за спонзорирани линкови”. Во повеќето случаи првите позиции се резервирани за добро оптимизирани кампањи. Секој корисник на AdWords, кој барем еднаш имал можност да создаде своја кампања, знае дека рекламите во резултатите од пребарувањето постојано се ротираат во зависност од многу фактори, како на пример квалитетниот рејтинг, CPC, квалитетен landing page итн. Сите огласувачи кои работат на оптимизација и постојан надзор на своите кампањи имаат шанса да ги покажат своите реклами лево и десно на страницата со резултати од пребарувањето како спонзорирана врска.

Мит бр. 2: Рекламите на повисоки позиции имаат подобра ефикасност од оние на пониски позиции.

Факт: Во многу статии поврзани со Adwords често може да се сретне поимот “златниот триаголник на Google”, што всушност претставува графичко претставување на резултатите и позициите на рекламите на кои најчесто кликаат корисниците. Ако рекламата не е наменета за точната публика, таа нема да го привлече интересот на корисниците дури и да се појави на првата или втората позиција. Рекламите треба да се насочени кон корисници со потенцијален интерес кон производот и содржината на рекламниот текст треба да ги привлекува луѓето да кликнат на истата. Во такви случаи нема никакво значење дали рекламата е прикажана на втора, или на петта позиција.

overview-costs-bg-text

Мит бр. 3: Само маркетинг агенција може создаде ефикасна Adwords кампања со помош на алатки за пребарување

Факт: Точно е дека вработените во агенциите за онлајн маркетинг имаат искуство во создавање на AdWords кампањи, а освен тоа повеќето од нив се и сертифицирани AdWords специјалисти. Но никој не го познава вашиот бизнис подобро од Вас. Доколку имате маркетинг оддел и постојано собирате информации за вашиот пазар и за вашите потенцијални клиенти, Вие најдобро знаете кои луѓе се најмногу заинтересирани за вашиот производ или услуга и како најлесно да стигнете до нив. Единствено што треба да научите е како да ја користите AdWords платформата.
Доколку сакате да научите како да ја користите платформата на AdWords, слободно конктактирајте ме (eva@gsix.me) и јас ќе се потрудам да ви помогнам најдобро што можам, или одделете време и искористете ги алатките и материјалите кои Google ги нуди.

Мит бр. 4: Доколку мојот веб сајт е на англиски, не можам да го промовирам на македонскиот пазар.

Факт: Ова не е точно. Главна цел на Adwords кампањите е да се огласуваат реклами кои ќе бидат прикажани на корисници кои се заинтересирани за производот кој се рекламира, кои ќе ја разберат содржината на рекламата и ќе ја споделат истата со своите пријатели. Токму затоа рекламите на англиски јазик ќе бидат најефикасни на пазари како САД, Велика Британија или Канада, рекламите на француски јазик ќе бидат најефикасни во Франција, а рекламите на македонски јазик ќе бидат најефикасни во Македонија. Сепак, имајте предвид дека во САД, Канада,Франција или Велика Британија живеат луѓе од други националности. Така, на пример во Франција има публика која знае англиски јазик, па кампања на англиски јазик ќе одговара на тој тип публика и ќе биде ефикасна во тој случај.

Во основата на креирањето на Adwords кампањи лежи деталното истражување на пазарот, како и анализа на потенцијалните корисници во рамките на тој пазар. За таков тип на анализа постојат многу алатки, а една од најкористените е Google Analytics. Доколку имате детална анализа на пазарот и типот на потенцијални корисници кои сакате да ги таргетирате во рамките на тој пазар, лесно и брзо ќе може да создадете ефикасни реклами кои ќе го привлечат вниманието на толку таа публика.

*Информациите во овој пост се превземени од официјалниот блог на Google Adwords.

1 коментар на “Adwords 101: Неколку митови за Google AdWords

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии