Aдвокати стартуваа платформа за тужење на неконкурентниот Google

Европските компании се организираат за да го закопаат Google во граѓански парници. Станува збор за компании кои би го тужеле Google за нарушување на законот за конкуренција. Меѓународната адвокатска канцеларија Hausfeld и Avisa ја направи онлајн платформата која на сите ќе им овозможи полесно да го тужат Google и да побараат финансиска репарација.

Платформата доаѓа под името GRIP – Google Redress and Integrity Platform, и е сервис кој има цел да собере што е можно повеќе луѓе во тужбите против Google. Ова е секако лоша вест за пребарувачот, но и за останатите компании од САД. Европската унија во моментив е фокусирана на Google, но Apple, Amazon и Microsoft не се далеку од фокусот на вниманието.

„GRIP им нуди на коорпораците, потрошувачите и останатите ентитети кои се повредени од бизнис практиките на Google, механизам за процена на потенцијалните тужби“, објаснува адвокатотот Мајкл Хаусфилд од Hausfeld, за Reuters.

Отворањето на сервисот е мотивирано од истрагата на Европската унија која е веќе во четвртата година. Доколку биде прогласен за виновен Google може да биде казнет со 10 отсто од годишната заработка што е околу 6,6 милијарди долари.