Adobe се приклучи на Linux

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Adobe, или како што гласи официјалното име на компанијата Adobe Systems Inc. објави денеска дека ќе се приклучи на фондацијата Linux – непрофитна организација која промовира Linux и дека ќе ја објави алфа верзијата на својата интернет платформа AIR за Linux и најави објавување на дополнителни платформи.

Компанијата во своето соопштение за јавност изјави дека одсега Linux заедницата ќе може да користи докажани веб технологии како HTML, Ajax, Flash и Flex за да создава разни интернет апликации.

На сајтот на Adobe Labs е достапна алфа верзијата на Adobe Flex Builder 3 за Linux.

Создавање на AIR и Flex за Linux ја докажува желбата на Adobe да помогне во развојот на Linux заедницата. Компанијата исто се приклучи на фондацијата Linux за да го забрза развојот на RIA (Rich Internet Applications) технологиите за Linux платформата.

Adobe од неодамна го "отвори" кодот на Flex и BlazeDS и значајно придонесува за развој на Tamarin виртуелната машина, хостирана од фондацијата Mozilla.

Алфа верзијата на Adobe AIR за Linux е достапна на англиски за бесплатно превземање и финалната верзија се очекува при крајот на оваа година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии