Adobe Reader e конечно достапен за iOS

Мартин Јовчески

во Мобилни

Софтверскиот гигант Adobe за прв пат откри официјална Adobe Reader апликација за мобилниот оперативен систем на Apple, iOS. Апликацијата е веќе достапна за бесплатно преземање од продавницата за апликации на Apple. Со овој Adobe Reader сега без проблем ќе може да се гледаат PDF документи на било кој iOS уред.

Користејќи ја iOS верзијата на Adobe Reader, корисниците на iOS уреди ќе можат да отвараат PDF документи од имејл, од веб или пак од било која апликација која ја подржува функцијата „Open In.“ Изгледот и интерфејсот на мобилната верзија на Adobe Reader е ист со десктоп верзијата, и благодарение на едноставноста, корисниците можат многу лесно да ја користат без разлика на нивниот iOS уред.

Едноставноста на Adobe Reader им овозможува на корисниците да пребаруваат одреден текст во документот, или да се ориентираат низ документот благодарение на обележувачи и сликичики од страните на документот. Доколку на корисниците им е потребна тврда копија од PDF документо, можат безжично да го ископираат користејќи ја апликацијата iOS AirPrint. За подетални информации можете да го погледнете официјалнотo видео за iOS верзијата на Adobe Reader.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии