Adobe претстави уредувач за веб развивачи со отворен код

Не престануваат изненадувањата за Linux корисниците од страна на компаниите кои не работат со слободен софтвер. Откако Microsoft го надгради Skype за Linux, Adobe објави детали за својот уредувач за веб развивачи кој е со отворен код и работи под MIT лиценцата.

Уредувачот е наречен Brackets и сѐ уште не е официјално објавен, но за програмерите кои сакаат да бидат во тек и да допринесат во развојот на овој уредувач кој е опишан како „built with web for the web“ може да направат сопствен клон од git репозиториумот.

Зошто Adobe мисли дека Brackets е многу поинаков од останатите уредувачи на код?

  • Нема потреба од алатки – Наместо да го претрупите вашиот екран со еден куп работни околини со многу панели и иконки, Quick Edit корисничкиот интерфејс во Brackets ви овозможува многу елегантна околина за пишување на вашиот код.
  • Brackets е синхронизиран со вашиот прелистувач – Со развојот во живо, Brackets работи директно со вашиот прелистувач и кодот го испраќа како што го пишувате.
  • Направете го сами – Бидејќи Brackets е со отворен код и изграден со HTML, CSS и JavaScript, вие можете да помогнете да го направиме најдобриот уредувач за веб.

Brackets може да се користи за уредување на HTML, CSS и JavaScript. Апликацијата вклучува преглед во живо, што значи дека ќе можете во вистинско време да ги гледате промените што ги правите.

Повеќе за Brackets можете да прочитате на официјалниот блог, а развојот можете да го следните на brackets.io.

[youtube]rvo3Mv1Z4qU[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии