Adobe Photoshop Touch за iPad 2 од денеска официјално на App Store

Досега имаше неколку Photoshop апликации за мобилните уреди на Apple. Повеќето беа со минимална функционалност, неколку потсредувања, ротација на слики, сатурација, контраст и слични основни функции. Моќта на двојадрениот iPad 2 сè уште не се искористуваше максимално, а воедно и 9-инчниот екран што нуди оптимален интерфејс за потсредување на фотографии додека сте во движење.

Но, тоа беше досега. Денеска Adobe ефективно ги прегрна можностите на мобилните направи со својот Adobe Photoshop Touch, мобилна верзија на Photoshop што со право се нарекува Photoshop. Сега можете да користите ласо, магично стапче, stamp алатката и многу други, исто како што тоа го правите на Desktop верзијата, која иако помоќна, сега добива добра конкуренција.

Помислата дека можете да фотографирате, и набрзо да работите со моќните алатки на Adobe врз тие фотографии, се додека целиот тој пакет не тежи повеќе од 600 грама, е навистина пријатна помисла.

Во описот на Mac Stories  кои се снајдоа да го симнат Adobe Photoshop Touch кога погрешно беше овозможен уште вчера, тие тврдат дека ова е дефинитивно моќна верзија на Photoshop, многу понапредна од преходните Adobe Photoshop апликации за iOS.

На почетокот корисникот е пречекан со еден куп водичи што варираат од правилно заменување на бои до внесување на драматичен стил во вашите фотографии. Корисничкиот интерфејс е минимален, и ефективно сместува голем број на алатки без да стане пренатрупан, за разлика од постариот брат desktop верзијата нa Photoshop.

Со постоењето и зголемувањето на бројот на вакви апликации за мобилни уреди, почнуваме да ја реализираме потполната моќ на мобилните процесори, а воедно го кршиме цементот што предтоа не држеше заглавени по домовите пред биро, или прилепени со вжештени лаптопи врз нашите скутови. Macstories се навистина во право кога велат дека вакви апликации ја редефинираат идејата дека таблет компјутерите се само направи за конзумирање на содржина, а не и за создавање на истата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии