Adobе мисли на дизајнерите, го стартуваше Adobe Muse beta

Adobe лансираше нов производ, Adobe Muse beta, кој ќе им помогне на дизајнерите да креираат веб сајтови без да мораат да кодираат. Adobe Muse, кој е изграден врз Adobe Air, моментално е сè уште во бета и може да се преземе од официјалниот Muse веб сајт.

Оние дизајнери кои имаат работено во разни Adobe производи нема да имаа проблем да го совладаат Muse, бидејќи овој производ содржи многу од алатките кои можат да се најдат во другите Adobe производи. Adobe Muse го позајмува својот кориснички интерфејс и концепт од Adove InDesign, содржејќи повлекувачки и спуштачки мениjа (drag-n-drop), галерии, и други виџети кои не бараат кодирачки способности за да се вметнат. Со Adove Muse нема да има потреба од грижи за тоа како ќе функционира одреден веб сајт, бидејќи Adobe Muse овозможува да се отвораат разни Adobe документи, како .psd, има опции за вградување HTML, за лесно вметнување на YouTube видеа или Google Maps, и се разбира овозможува лесно експортирање на веб сајтот за да биде спремен за закачување на веб хост.

Adobe Muse сè уште е во фаза на развивање, па затоа Adobe имаат одлучено да го пуштат како бесплатна бета. Целта на ова е корисниците да дадат фидбек за да може да се подобри пред да биде официјално пуштен. Официјалното пуштање на Adobe Muse треба да биде на почеток од 2012 година, и наместо да се продава , овој производ ќе биде базиран на претплата. Ќе се плаќа 20 долари месечно, без  договор, или 180 долари, со договор на една година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии