Adobe ќе го повлекува Flash

Дејан Соколоски

во Веб

Откако речиси сите прекинаа со употреба на Flash, Adobe откри дека до 2020 година полека ќе го повлекува плагинот.

Пред неколку години, Flash беше еден од најпопуларните плагини. Се користеше за видео содржина и за flash-видеоигри. Беше неопходен за куп функционалности, од YouTube видеа, до банери за реклами. Денес благодарение на развојот на HTML5, најголем дел од функционалноста на Flash е достапна без дополнителен плагин.

Најголема употреба плагинот имаше во 2014 година, кога беше присутен на речиси  80% од компјутерите. Сепак, Google го замени Flash во AdWords и YouTube, а истото го направија и Facebook, Mozilla, Twitch и многу други. Денес Flash е присутен само на 17% десктоп уреди.

Apple беше една од ретките компании кои никогаш не го прифати Flash. Стив Џобс уште во 2010 објави дека iOS уредите на Apple никогаш нема да користат Flash.

„Adobe се „мрзливи“, го имаат целиот овој потенцијал да направат интересни нешта, но тие одбиваат да го сторат тоа… Flash е една од најголемите причини зошто паѓа Mac“.

Сепак, најголемиот проблем на Flash е безбедноста. Плагинот често беше безбедносен ризик, постојаната потреба од закрпи, ненадградени верзии и широката дистрибуција беше одлична за хакерите. Безбедносните пропусти на Flash беа користени и од развивачи на софтвер за следење, како италијанскатa компанија Hacking Team. Во 2015 година Wikileaks објави дека „zero day“ пропуст на Flash се користи за распространување и активирање на малициозен софтвер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии