Adobe ја разгорува Flash дискусијата со „Го сакаме Apple" реклами

Кампањата, чии реклами се појавија на многу светски веб медиуми, е контра-удар на неодамнешното писмо на Стив Џобс во кое директорот на Apple зборуваше како Flash е затворен систем полн со проблеми, додавајќи дека HTML5 е иднината.

Сега Adobe вели дека Apple e затворен систем бидејќи не дозволува креирање на апликации за iPhone OS со Flash софтверот.

„Ниту една компанија – колку и да е голема и креативна – не смее да диктира што треба да се креира, како да се креира и што може да се искуси на интернет. Кога пазарот е отворен, секој со добра идеја има шанса да ја поттикне иновативноста и да најде нови корисници.“ велат Чак Гешки и Џон Варнок, основачите на Adobe.

Аdobe објави и страна со статистика за користеноста на Flash и објаснување за способностите на софтверот како одговор на Стив Џобсовото писмо.

>

Од бројките се гледа дека Adobe има поента дека нивниот софтвер е потребен, бидејќи 85 отсто од веб сајтовите имаат Flash, а 75% од видеото на интернет се гледа преку Flash. Но… Adobe не пишува дека видео сервисите на чело со YouTube и Vimeo, како и прелистувачите Firefox, Chrome, Safari, Opera сите започнаа да ги поддржуваат HTML5 и H.264 видео форматите.

Дополнително за читање: Wired има одлична споредба меѓу интересите на Adobe и Applе.

1 коментар на “Adobe ја разгорува Flash дискусијата со „Го сакаме Apple" реклами

  1. Глупости ќе настанат ако продолжи ова вака… Adobe провоцираат а Apple тек сега ќе видиме што ќе праат :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии