Adobe го идаде Brackets v1.0, текст едитор со отворен код наменет за веб дизајнери. Софтверот е креиран за Windows, Mac и Linux и овозможува кодирање во HTML, CSS или JavaScript, со едноставен преглед на финалниот производ. Една од предностите е што е овозможено брзо префрлање од изгледот во прелистувач и едиторот, а овозможено е селектирање и доработка и само на делови од кодот.
Brackets овозможува и едноставно повлекување на информациите од PSD, заклучно со боите, фонтовите, градиентите и мерките , потоа креирајќи CSS. Може да се користи и за извлекување на различерн „layer“ и да се користи како посебна слика. Изворниот код може да го преземете од Github, и да го модифицирате или да допринесете за негово усовршување.