Adobe Ink and Slide се нови алатки за рачно цртање на iPad

Adobe, кој го знаеме поради одличниот софтвер за дигитална обработка на слики, сега влегува на пазарот на хардвер уреди. Станува збор за дигитален молив и лењир за цртање на iPad наречени Ink and Slide, кои беа претставени заедно со двете нови беспланите апликации Sketch и Line. Апликациите користат куп гестови кои му помагаат на артистот поедноставно да црта. Разликата во двете апликации е иста слична како помеѓу Photoshop и Illustrator. Така Sketch креира слики помнејќи ја бојата на секој пиксел, додека Line креира векторски слики.

Но, тоа што е поинтересна новина од Adobe се секако Ink и Slide. Ink е дигитален молив со кој се црта по екранот на iPad. Врвот на моливот е осетлив на притисок, па колку повеќе се притиска толку е подебела линијата која се повелекува. Копчето на страна на моливот отвора мени, преку кое корисникот набрзина може да отвори дел од менијата. Slide, пак, е дигитален лењир, кој овозможува иста функција како и неговата недигитална верзија, цртање на прави линии. Со негово спуштање на дисплејот се појавуваат прави линии кои корисникот може да ги исцрта. Со притискање на копчето корисниците можат да ги променат линиите кои ги цртаат од прави во тријаголници, кружници и слично.

Најголем недостаток на апликациите е што сè уште се далеку од завршени па во добар дел наликуваат во најдобар случај на бета верзија и се далеку од завршени дури и според Adobe. Ink и Slide се интересни додатоци со кои ќе се зголеми продуктивноста, но сепак цената од 200 долари можеби ќе направи да останат надвор од дофат на корисниците на кои им се потребни.

2 коментари на “Adobe Ink and Slide се нови алатки за рачно цртање на iPad

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии