Adobe и nVidia работат на побрзи апликации

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Скоро сите нови модели на десктоп компјутери доаѓаат со GPU (Graphics Processsing Units), но апликациите како Adobe Photoshop, InDesign и Premier неможат да ги искористат затоа што не се компатибилни. Со цел на корисниците да им овозможат апликации кои ќе функционираат подобро и побрзо, Adobe најави дека ќе соработува со nVidia да овозможи искористување на GPU започнувајќи со новиот креативен пакет CS4.

Creative Suite 4 пакетот беше објавен во вторникот, а беа понудени 6 опции кои содржат над 13 различни програми. Првите апликации кои ќе бенефицираат од интеграцијата на GPU се Adobe Photoshop и Premier Pro за кои ќе биде понуден специјален плагин кој ќе ја овозможи додатната функционалност.

"Доколку го користите Premier Pro и од него правите заработувачка за живот, би требало да бидете заинтересирани за оваа интеграција затоа што ќе овозможи многу подобри и побројни резултати" – изјави Jeff Brown, главниот менаџер за професионални услуги на nVidia. Коментарот се однесуваше на најавите дека со помош на GPU, апликацијата Premier Pro ќе може да рендерира филм во висока дефиниција (HD) за само 2-3 часа, а за кој претходно беа потребни околу 28 часа.

{mosimage}

Подетално, Photoshop CS 4 со помош на GPU ќе поддржи ротација, зумирање и планирање на слики во реално време, спротивно на тоа што досега го имавме кога требаше да се чека сликата повторно да се рендерира на екранот. Исто така, ќе биде подобрено и елиминирањето на грубите аглести рабови на 3D и 2D композиции.

Adobe After Effects CS4 пак ќе го искористи GPU на nVidia графичките картички за да овозможи билатерални ефекти за замаглување, турбулентни ефекти, рендерирање на боја, дисторција и движење во реално време, како и воглавно за подобро едитирање на филмот и графиките во него.

Испробувањето на CS4 и GPU ќе можете да го започнете од Октомври кога ќе бидат дадени на продажба новите пакети на Adobe.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии