Adobe го претстави Photoshop Touch за телефони

Adobe најави дека корисниците на Android и iPhone сега ќе можат да едитираат слики со Photoshop Touch директно преку своите телефони за околу 5 долари. Оваа апликација која ги има основните функции на Photoshop веќе година дена е достапна за iPad за околу 10 долари.

Photoshop Touch ги има сите неопходни опции како кропирање, ретуширање, дозволува користење на слоеви (layers), има четки и ефекти… Ги има основните опции кои ги има и десктоп апликацијата, но во лимитирана верзија бидејќи процесорската моќ на мобилните уреди го ограничува софтверот. Пример, најмногу може да се отвори 12-мегапиксели слика со три layers. Adobe има додадено Scribble selection опција за екраните на допир со која се олеснува користењето на прстите за селектирање, влечење или кропирање. Дополнително, има Camera Fill опција со која се користи камерата на паметните телефони за да се фотографира, и веднаш да може да се едитира сликата.

Апликацијата е поврзана со Adobe Creative Cloud платформата што помага за префрлување на сликите во облакот, или на други уреди. Photoshop Touch може да се најде на Google Play и Apple App Store.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии