Adobe го купи EchoSign и технологијата за електронско потпишување на документи

Аdobe ќе ја интегрира технологијата за електронски потпис и верификација на ЕchoSign во својот софтвер за документи како CreatePDF, FormsCentral сервисот за креирање на форми, и во SendNow за менаџирање на трансфери на фајлови.

„Со намалување на времето и трошоците за потпишување на документите преку традиционални мтоди, како факс или пликоа, EchoSign решението ќе му овозмоѓи на корисникот значително да го забрза процесот на продажба, да го подобри следењето и да го централизира менаџментот на потпишани договори преку едноставни за користење облак сервиси.“, се вели во соопштението.

EchoSign има три милиони корисници ширум светот кои плаќаат претплата. Според статистиката на компанијата, месечно се потпишува 500 милиони долари вреден бизнис, а просечното време за добивање потпис е 42 минути.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии