Adobe Flash Player сега е комплетно изолиран во Google Chrome за сите платформи

Adobe Flash Player од сега ќе работи во Google Chrome во „изолирана кутија“. Ова е случај за сите платформи кој поддржуваат Chrome: Windows, Mac, Linux и  Chrome OS. Потегот е направен пред се од безбедносни прични, главно бидејќи творците на „злонамерен софтвер“ ја користат ранливоста на Flash на повеќе платформи за истовремен напад на повеќе оперативни системи.

Sandbox овозможува работа на програмите и апликациите без опасност малициозниот софтвер да се излие надвор од околината во која работи. Со оглед на тоа дека секој од отворените прозори на Chrome e засебен процес, ова овозможува и  малициозниот софтвер да не се „прелива“ на останатите отворени табови.

Со ова се намалува можноста корисниците на Google Chrome да бидат цел на сајбер напади преку својот прелистувач. Then Next Web потсeтува дека Flash e една од омилените платформи преку којa напаѓаат сајбер-криминалците. Причините за нападите се идентични како за Java, цел на напад се повеќе платформи, оперативни системи, прелистувачи a со тоа софтверот напаѓа повеќе корисници.

[youtube]29e0CtgXZSI[youtube]

1 коментар на “Adobe Flash Player сега е комплетно изолиран во Google Chrome за сите платформи

  1. Абе јаска колку шо се сеќавам, работењето во затворено кутиче за песок (сендбокс) на секое од јазичината
    во хром беше основа на нивната понуда уше од првата достапна верзија, пред некоја година ко се појаве на интермецов….
    Со ова сакате да кажите дека до пред 2-3 месеци флеш плееро (кој шо идеше како заедничка инсталација со хром) не работеше изолирано во кутичето за песок???

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии