Adobe додаде можност за колаборација во Illustrator, Photoshop, XD и Fresco

Дејан Соколоски

во Вести

Adobe на корисниците на Illustrator, Photoshop и Fresco им овозможи колаборација на документи. Софтверот од оваа недела има ново „Invite to Edit“-копче и функционалност. За жал корисниците нема да можат во исто време да работат на документот, но заедничката работа и споделувањето на документи се поедноставени.

Функционалноста овозможува и уредување на сликите на различни уреди. Документите може да се уредуваат на сите уреди за кои е достапен софтверот, десктоп, iPhone или iPad.

По надградбата на актуелната верзија на софтверот, корисникот единствено ја внесува имејл адресата на соработниците со кои сака да го сподели документот. Потоа сите заедно, но во различно време, може да работат на сликите кои се чуваат во облакот.

Дополнително корисниците сега ќе можат и да си ги синхронизираат нагодувањата  (presets) преку новата sync функција. Синхронизирањето треба да се активира на секој уред и потоа со едно менување се менуваат нагодувањата на сите уреди на кои е најавен корисникот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии