Adidas Fit Smart e паметна алка која ќе ви помогне во тренингот

Adidas ја најави паметната алка Adidas Fit Smart која корисниците можат да ја користат во текот на вежбањето како личен тренер. Алката овозможува корисниците едноставно да проверат колку калории трошат, колкав им е пулсот, темпото на вежбање, поминати километри и слично. Adidas Smart Fit постојано ја мониторира работата на срцето, притоа прикажувајќи го интензитетот на вежбање, но и опасноста доколку корисникот претера.

Како секој тренер, паметната лента во почетокот ќе ја проценува кондицијата на корисникот пред да може да предложи поточен интензитет за вежбите. Алката доаѓа со стотина тренинг планови, но можеби најимпозантна е можноста за поставување на цел, која апликацијата ќе ја подели на неделни цели, кои корисникот треба да ги исполни доколку сака да ја оствари. На пример доколку корисникот сака да истрча 10 километри апликацијата ќе креира програма која ќе предложи интензитет и колку често треба да трча за да успее да истрча 10 km. Цената на Adidas Fit Smart ќе биде 200 долари, а алката пристига веќе во август.

Ова не е прв обид на Adidas за сериозен влез на пазарот за паметни уреди, miCoach SMARTRUN е токму тренер за трчање. Сепак новиот уред доаѓа во интересен период, бидејќи се појавија гласини дека Nike размислува да ги повлече своето FuelBand паметна алка која е една од најпопуларните додатоци за вежбање. Се чини во иднина сите слични уреди ќе бидат заменети со паметен часовник како универзален уред.

[youtube]EX2ydmsf8t8[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии