Адева доделува еден билет за Ларакон ЕУ 2018, конференција за Ларавел програмери 

По повод прославување на својот 3ти роденден и како знак на благодарност за поддршката која што ја добива од локалната ИТ сцена, македонскиот стартап Адева ќе додели еден билет за претстојната Ларакон ЕУ конференција која што ќе се одржува во периодот од 30 до 31 Август, во Амстердам.

Ларакон ЕУ е единствениот најголем собир на Ларавел програмери и ентузијасти во Европа и преставува одлична можност за да се остане во тек со трендовите на технологијата и да се разменат искуства во областа.

За оваа награда можат да се пријават сите PHP програмери од Македонија, а еден среќен добитник ќе биде извлечен по случаен избор по завршувањето на апликативниот процес. 

Пријавете се за учество во наградната игра на следниот линк.

Апликациите може да се поднесуваат до 28ми јануари, недела во 23:59 часот.
Официјалното извлекување на добитникот е на 29ти јануари, понеделник, а часот ќе биде дополнително објавен.

За повеќе информации можете да ги контактирате на нивната Facebook страна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии