AdBlock веќе има решение за спонзорираните постови на Facebook

Иако неодамна најави, Facebook сепак нема да може да им прикажува реклами на корисниците на софтвер за блокирање. AdBlock веќе додаде филтер кој ќе овозможи блокирање на спонзорираните постови. Корисниците ќе треба единствено да ги подесат филтрите, а еве како да го направите тоа.

adblock-sponsored-posts


AdBlock за Chrome

Влезете во менито и од таму More Tools > Exstensions. Во AdBlock делот одберете Options и Update Now.

AdBlock  за Firefox

Од менито одберете Add-ons > Extensions. Пронајдете го Adblock > Options > Filter Preferences и одберете Update Filters. Филтерот може  да го додадете и самите со следниот код:

facebook.com##DIV[id^=”substream_”] ._5jmm[data-dedupekey][data-cursor][data-xt][data-xt-vimpr=”1″][data-ftr=”1″][data-fte=”1″]

uBlock

Корисниците на uBlock велат дека и по објавата на Facebook за промените нивниот фид изгледа исто. Сепак, доколку забележите промени, нашиот читател Сашко Баш, сподели решение. Во My Filters делот на uBlock внесете ја следната линија:

facebook.com##:xpath(//a[text()=’Sponsored’]/parent::span/ancestor::div[contains(concat(‘ ‘,normalize-space(@class),’ ‘),’ userContentWrapper ‘)])


Facebook во секој момент може да го промени филтрирањето, пa корисниците можеби ќе мора повторно да направат промени. „Ова е борба помеѓу пронаоѓање можност за заобиколување на филтрирањето и open source ad-block-заедницата.

Ако Facebook во иднина пронајде начин да го заобиколи филтерот, ние повторно ќе пронајдеме одговор, вели Бен Вилјамс на блогот на AdBlock.

Социјалната мрежа веќе излезе со соопштените, дека на овој начин се блокираат и постови и од пријатели и Facebook страници. Дополнително, Facebook најави дека наскоро ќе го надмине и овој недостаток, пренесе Techcrunch.

Битката продолжува!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии