AdBlock не ги блокира рекламите од компаниите кои имаат платено

Мислевте дека AdBlock Plus ги блокира сите реклами кои се наоѓаат на веб просторот? Запрашајте се уште еднаш. Дел од огласувачите може да се наоѓаат на „белата листа” на AdBlock Plus и со тоа да ги заобиколат рестрикциите кои ги поставува овој додаток за нашите прелистувачи. Имено, компанијата објави блог напис во кој ја објави статистиката за прифатени огласувачи кои овој софтвер не ги блокира.

Според информациите, испратени се 777 барања за дозволување на рекламите од кои дури 50 проценти се одбиени, бидејќи рекламите биле неприфатливи. Покрај рекламите кои може да бидат дозволени со мал паричен допринос, има и такви кои се одблокирани без некакво плаќање, односно рекламите за кои сметаат дека не би ги замарале корисниците.

Колку чини постапката за додатокот да не ги блокира рекламите од одредени огласувачи се’ уште не е познато, но се работи за минимална сума со која само ќе се подобри работата на AdBlock Plus, пишува Бред Вилијамс во блог написот.

[youtube]pVYtzF5SemU[/youtube]

4 коментари на “AdBlock не ги блокира рекламите од компаниите кои имаат платено

  1. Сменете си насловот. AdBlock не пушта никакви реклами, работи само на донации од корисниците. Од друга страна AdBlock Plus работи на земање пари од оние кој се желни да платат за нивната реклама да биде видена. Има не некој страни му се вешто скриени во кодот, па ќе треба рачно да ги тргниш.

  2. Сменете си насловот. AdBlock не пушта никакви реклами, работи само на донации од корисниците. Од друга страна AdBlock Plus работи на земање пари од оние кој се желни да платат за нивната реклама да биде видена.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии