AdBlock има независен тим кој ќе одлучува кои реклами ќе бидат блокирани

Доколки сте еден од 40-те милиони корисници на AdBlock Plus тогаш најверојатно веќе ја забележавте пораката која ви нуди можност да пропуштите дел од рекламите кои не се премногу наметливи и „сјајни“. Од компанијата најавија дека одлуката кои реклами можат да поминат, а кои не ќе виде оставена во раце на независно тело, јави Wall Street Journal.

Досега од Eyeo дозволуваа дел од рекламите да ги поминат нивните филтри, но за ова требаше да бидат исполнети некои услови, а компаниите дополнително требаше да платат за да бидат вклучени. Поради ова главните критики до Adblock Plus се дека не смеат самите да одредуваат кои реклами се соодветни, а кои не. Дел од критичарите одат дотаму што компанијата јас споредуваат со рекет. „Новото тело ќе вклучува претставници од онлајн издавачите и медиумските компании, маркетинг експерти, компании за маркетинг, но и корисници“. Од Еуео велат дека промената ќе биде имплементирана, а телото ќе биде оформено на почетокот на 2016 година.

Решението треба да овозможи целосна независнот при одделување на рекламите, но поважно релеванти реклами на страните кои ги разгледуваат корисниците. Освен изгледот, подеднакво важна, ако не и поважна ќе биде содржината на рекламите. Новоформираното тело ќе може смостојно да одлучи кои се најважни критериуми и да постапува по овие одлуки Бројот на екстензии кои ги блокираат рекламите е се поголем, а дел од медиумите веќе имаат проблеми со заработката. Сепак Adblock е единствениот и најчесто користениот сервис, па доколку успеат да имплементираат решение кое е прифатливо за корисниците, тогаш останатите сервиси ќе ги следат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии