Ада Лавлејс, првиот програмер

Во 1843 година немало компјутери, но тоа не ја спречило талентираната математичарка Ада Лавлејс да биде препознаена како прв програмер. Ада Лавлејс е идеен креатор на првиот компјутер. Компјутерот не само што можел да прави пресметки, туку и да креира алгербарски модели. За жал, овој компјутер никогаш не е направен, но Лавлејс е првиот човек кој го согледал потенцијалот на машините.

Ада Лавлејс е родена на 10 декември 1815, ќерка е на поетот Џорџ Гордон Бајрон. Иако нејзиниот татко е далеку попознат, Ада Лавлејс има значителен придонес кон сметачките машини и математиката. Нејзе ѝ се припишува првиот програм за „Analytical Engine“ креиран од Чарлс Бебиџ. За разлика од познатиот татко, г-ѓа Лавлејс е математичар, а нејзин ментор е креаторот на првиот програмабилен компјутер, г. Бебиџ.

Модел на Analytical Engine направен од Чарлс Бебиџ. // By Bruno Barral (ByB), CC BY-SA 2.5, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=6839854

Analytical Engine е машина/компјутер дело на Чарлс Бебиџ. Станува збор за механички сметач. Машината е составена од централна единица за пресметки (Mill) и меморија, слично и на денешните компјутери. Централна единица за пресметки може да ги изврши четирите основни алгебарски операции, плус споредба и коренување. Дополнителната меморија е составена од продупчени картички кои може да се користат за машината да извршува различни команди.

Сепак, навистина возбудливите решенија дојдоа кога г-ѓа Лавлејс воведе пресметка на бернулиевие броеви. Машината теоретски може да се користи за пресметување на бернулиевите броеви. Чекор понатаму, машината би можела да се користи за решавање на проблеми без оглед на нивната комплексност. Вистинските можности на механичките компјутери се презентирани во 1940 година со првиот механички компјутер.

„Аналитичкиот мотор“ може да дејствува и на други работи, освен броеви, ако се пронајдат предмети чии меѓусебни основни односи би можеле да бидат изразени со оние на апстрактната наука за операции и кои ќе бидат подложни на прилагодување на дејството на оперативната нотација и механизмот на моторот … Замислувајќи, на пример, дека фундаменталните врски на звуците во науката за хармонија и музички состав биле подложни на такво изразување и прилагодувања, моторот може да компонира елаборирани и научни музички композиции со било каков степен на сложеност“

Идејата за овој начин на размислување воопшто, доаѓа од машините за ткаење кои ја инспирирале да пронајде поинакво решение. Повеќе од функционалност на машината, која за жал не проработи, всушност е аналитичкиот пристап кој теоритизираше за код кој ќе овозможи машината да функционира со букви и симболи. Дополнително, таа теоретизирала за циклуси кои се повторуваат (loop) кои се користат денес.

Г.ѓа Лавлејс починала од рак на матката 1852 година, на 37 години. Иако дебатата за тоа дали навистина е првиот програмер е отворена, несомнено е дека е брилијантен математичар.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии