ACleaner е солидна алтернатива на CCleaner

Кога се работи за периодично и бесплатно „чистење“ на вашиот компјутер, обично се оди со CCleaner. Со години наназад, алатката врши повеќе од солидна работа во одделот за освежување и забрзување на работата на вашиот оперативен систем. Но, CCleaner е далеку од единствената алатка која е добра во исполнување на таквата мисија и, доколку барате интересна алтернатива, би можеле да ги проверите способностите на ACleaner.

ACleaner нема да ви остави позитивен визуелен впечаток, но, во поглед на функционалноста, врши работа. Брзо и ефикасно го отстранува ѓубрето од вашиот компјутер, брише траги кои ги оставате на интернет, поправа проблеми во регистарот, неповратно брише податоци и многу повеќе. Најдоброто од сево ова е тоа што, споредено со CCleaner, доаѓа во исклучително мало пакување и користи значително помалку ресурси.

Најновата, петта верзија на ACleaner допринесува процесот на чистење да биде значително потемелен, а и исправа одредени багови кои се провлекуваа низ претходните верзии.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии