Acer претстави нов Chromebook – Spin 713

Дејан Соколоски

во Хардвер

Image courtesy of Acer

Новиот Chromebook на Acer, Spin 713 е веројатно еден од најмоќните и најубави компјутери во својата класа. Дополнително има и хардвер кој е супер моќен, иако целта на Chromebook е повеќе „пониска цена“ отколку супер перформанси.

Spin 713 има 13-5 инчен екран со резолуција од 2246х1504px. Компјутерот има 10-та генерација Intel процесор; SSD диск, и максимум 16 GB RAM. Основната верзија чини 630 долари и доаѓа со  i5-10210U процесор; 8GB RAM и 128GB eMMC SSD. Капацитетот на батеријата е доволен за 10 часа работа помеѓу полнењата.

Acer Chromebook Spin 713 има 2 USB 3.1 Type-C порти со поддршја за USB 3.2 Gen 1 (до 5 Gbps), дисплеј USB-C порта, и полнење преку USB. Дополнително достапна е и HDMI порта, USB 3.0 и читач на MicroSD картички. За поврзување се користи Dual-band Wi-Fi 6 AX201 (802.11ax) или Bluetooth 5.0.

Овој Chromebook е своевиден хибрид, помеѓу таблет и лаптоп. Екранот може да се заврти 360 степени и да се „залепи“ за делот со тастатурата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии