Acer Predator 21X е првиот лаптоп со заоблен екран

Новиот лаптоп од Acer, Predator 21X e првиот лаптоп со заоблен екран. Уредот доаѓа со технологија за следење на погледот што ќе овозможи подобро искуство за корисниците.

Predator_21X_Highlight_1

Predator 21 X е „flagship“ лаптоп па затоа хардверот е најдобриот кој е достапен. Процесорот е седма генерација Intel Core, доаѓа со две графички картички Nvidia Geforce GTX 1080 во SLI, што за најголем дел од игрите е претерано добра графичка.

Станува збор за прекрасно дизајниран компјутер. Мониторот е заоблен 21-инчен IPS, со резолуција 2560×1080. За гејминг искуството да биде потполно, Predator доаѓа со два сабвуфера и 4.2+ звучен систем.

Predator_21X

Лаптопот доаѓа со технологија за следење на погледот, со која Acer ветува поприроден гејминг. Со следење на погледот ќе биде овозможена интеракција како нишанење или идентификација на непријателот поедноставно и поприродно, ветува Acer.

Predator_21X_Highlight_2

Да бидеме искрени иако хардерот е одличен, ако не и помалку налудничав, големината е преголема за лаптоп. Компјутерот е способен и за најголемите предизвици кои ќе ги понуди дури и виртуелната реалност. Сепак се чини дека најважното за лаптоп – преносливоста, не е навистина силна страна на Predator 21X.

Цената на овој уред

1 коментар на “Acer Predator 21X е првиот лаптоп со заоблен екран

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии