Аcer Liquid Leap е нова паметна алка наменета да биде фитнес додаток

Acer е најновиот производител кој се вклучи во трката со преносни компјутери. Liquid Leap е паметна бразлетна која доаѓа во пар со новиот паметен телефон од компанијата 5-инчен Liquid Jade. Како и останатите слични уреди, Liquid Leap ќе биде фитнес додаток, но ќе ги регистрира и виталните функции на корисникот, што се чини барем заега се единствени функции кои доаѓаат со најголем дел од паметните часовници или бразлетни. Покрај паметниот телефон и бразлетна, Acer најави и дел од новите уреди кои ќе бидат достапни оваа година. Acer Aspire Switch е 2-во-1 Windows 8.1, хибриден таблет/лаптоп компјутер кој доаѓа 10-инчен HD IPS екран. Уредот е со 2GB RAM и 64GB слободен простор, но и можност за проширување до 500 GB.

На прес конференцијата во Њујорк, Acer ги презентираше и новите верзии на Е-серијата нетбукoви која доаѓа со опција за 14 или 15 инчен екран на допир, повеќе бои и батерија која може да издржи 7 часа. За тие кои сакаат полесен уред компанијата го презентира E-11, кој доаѓа со 11,6 инчен дисплеј, но и без вентилатор што ќе направи да работи бесшумно. Компанијата го претстави и Acer Chromebook кој доаѓа со Intel i3 процесор и како шо најверојатно веќе заклучивте со Chrome OS оперативен систем. Освен лаптоп, паметни бразлетни и телефон компанијата најави и два таблет комјутери Iconia One 7 и Iconia Tab 7 кои фоаѓаат со дво-јадерен односно четири-јадрен процесор. Iconia Tab 7 доаѓа со HD IPS дисплеј и 3G антена.

Уредите ќе бидат достапни од јуни со исклучок на Liquid Leap и Liquid Jade кои се најавени за период од крајот на јуни до почетокот на август.

[youtube]SZshh8pVmFY[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии