Acer го претстави AcerCloud, конкурент на Apple iCloud

Acer на CES го претстави AcerCloud кој е сличен сервис на Apple iCloud, DropBox и други слични веб алатки кои нудат складирање во облакот и синхронизирање преку различни уреди.

АcerCloud овозможува автоматско споделување на фотографии и документи преку облакот, но само за 30 дена. Пример, фотографијата преку сервисот PicStream ќе се складира во „главниот PC“, а од останатите уреди ќе имате пристап до неа во следните 30 дена. Според Acer, фајловите ќе можат да се симнуваат директно преку PC-то доколку е во хибернација.

Сервисот ќе биде интегриран во секој Acer уред, почнувајќи од втората половина на 2012-та година. Сервисот ќе биде достапен и на Android и Windows Phone паметните телефони.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии