Accelerated Mobile Pages на Google ќе бидат достапни за сите пребарувања

Сигурно сте ги забележале Accelerated Mobile Pages на Google кои досега ги забрзуваа мобилните веб страници што се појавуваа во „carousel“ на врвот на пребарувањето. Но, сега компанијата ќе го искористи AMP во сите резултати од пребарувањето. Лошите вести се што ова важи единствено за издавачите кои се дел од AMP програмата на Google. Ако постои AMP страница, таа се отвора многу побрзо од стандардните страници.

AMP страните на Google се конкурент на Facebook Instant Articles, односно се страни кои треба да се отвараат инстантно. Просечното време на отворање на AMP страниците е помало од секунда, вели Дејв Бесбри, заменик директор во Google, за Verge. Но, иако побрзото отворање на сајтовите секогаш е добра вест, сепак има ограничувања. Новите сајтови не се исти со html верзиите, и овозможуваат значително помалку можности. Промените во пребарувањето најпрво ќе им бидат достапни на развивачите, а потоа на сите останати. Една од причините за ова е фидбекот кој Google ќе го добие од развивачите.

Креирањето на AMP верзија на веб сајтовите значи дека девелоперите ќе имаат повеќе работа. Развивачите ќе мора да креираат неколку верзии, респонзивни HTML страници за декстоп и за мобилни платформи, и верзии за Facebook Instant Articles, вели Verge.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии