АБВ со Македонка е нов пакет за содржини наменет за најмладите

АБВ со Македонка е пакет на едукативни содржини наменет за децата. Пакетот е составен од дигитален и физички дел, а и двата се подеднакво важни за децата.

„Главна мотивација за изработка на целиот проект е малиот број на дигитални едукативни содржини на македонски, како и нискиот квалитет на печатени материјали“, вели Александар Тримчевски, автор на целиот проект.
Целиот пакет е составен од три дела: Nabukva.mk, дигитален буквар; Мојот буквар, печатен персонализиран буквар за секое дете и друштвени игри „Од А до Ш“.
 
NaBukva.mk е симпатичен дигитален сервис кој на повозрасните ќе им наликува на истоимената рубрика од популарната серија „Бушава азбука“. Можеби токму во овој дел може најдобро да се забележи посветеноста на г. Тримчевски. Целата веб-апликација е преполна со 3д-анимации, прекрасни слики и аудио содржина.

Image courtesy of Moedete.mk

Вежбална е своевидна работна тетратка која е достапна за преземање и готова за печатење. Во неа децата ќе може да ги пишуваат буквите. На почеток помошните линии се позабележителни, а кон крај полека исчезнуваат.

Цената на целиот пакет заедно со друштвените игри е 990 денари, а во моментов во претпродажба може да се купи за 790 денари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии