„Балканскиот Amazon“ во 2016 ќе стартува во Словенија, подоцна во Србија

До крајот на 2016 година „балканскиoт Amazon” ќе стартува во Словенија, a во 2017 година ќе влезе и во Србија, вели Тарек Зитоун од хрватскиот гигант за претпродажба Agrokor.

Компанијата неодамна го отвори Abrakadabra најавуван како „регионален Amazon“, а целта ќе им биде онлајн продажба во целиот регион. Засега компанијата продава исклучиво во Хрватска, а пет недели по започнување со продажбата, асортиманот го сочинуваат 100.000 производи распоредени во 12 категории. Компанијата по првите пет недели ги има и првите идеи за она што е најважно за онлајн продажбата, а за Netokracija велат дека сликите и содржината се најважни за онлајан продажба.

Сепак барем засега купувачите од Хрватска иако имаат локална продавница, почесто купаваат преку Amazon или Aliexpress. Ова е случај и во Македонија каде Македонски пошти откри дека 90 отсто од онлајн нарачките од странство доаѓаат од Кина. Но, постои огромен потенцијал за онлајн продавницата кој Agrokor го гледа во онлајн продажбата на хрватските и регионалните брендови. Продавницата сега има „авенија“ на домашни брендови во која можат да се најдат сите хрватски производи.

Влез во Македонија, досега не е најавен, но Agrokor најави проширување во регионот, по влезот во Србија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии