„A1 опсада“ гледана преку друштвените мрежи

Но тоа што е интересно за нас е што благодарение на друштвените мрежи сега може да се чуе прочита личното мислење на корисниците. Подолу ќе најдете доста интересни, сериозни и забавни коментари на Twitter, споделени преку #opsada тагот. Милан Јаковчевски споделува дека до сега се архивирани 1.565 твита со хаштагот за опсада, според twapperkeeper.com. Според Калина Зографска броејќи го Twitter пребарувањето, има вкупно 2.600 твитови со тој хаш таг, без други зборови.

@azder да, 1500 max per search. затоа прво најновите, па после од најстариот таму – наназад.15 страни по 100 и 11 страни по 100 = 2600Fri Nov 26 13:57:17 via web

А сигурно ќе најдете и куп информации и мислења и на Facebook. Веќе има група „Да се собереме 2.000 луѓе да ја ослободиме А1“ која за кратко време, од вчера, има над 27.000 фанови.

Токму тоа е практичноста на друштвените мрежи, секој да може да се вклучи во дискусијата и да сподели информација, нели?


21 коментари на “„A1 опсада“ гледана преку друштвените мрежи

    1. Што откачуваш човеку? IT.com.mk не брише коментари ако не се вулгарни, без врска на содржината на коментарот. Всушност коментарите сами се објавуваат, никој не ги модерира претходно, па може сервисот да одоговлече… се случува, можеби е и до вашата конекција..

      Но во ред. Еве уште една поента на овој текст – ако ти бришат коментари, тогаш имаш друштвени мрежи и блогови да го кажеш твоето мислење и да бидеш гласен колку што сакаш! :)

  1. Site mediumi do eden treba da gi zatvorat. Pocnuvajki od Sitel, A1, Kanal 5, Alfa, Telma i da ne gi nabrojuvam, kako i vesnicite. Toa kaj nas e samo instrument za javna hajka protiv lugje koi i precat na vlasta ili im precat na odreden krug lugje (biznismeni, kriminalci). Bukvalno ako treba nekoj da se ocrni ili ako nekoj nekomu smeta, ednostavno se pazaris so bilo koja televizija i postignuvas efekt kakov sakas. I najcesniot ke go napravis kriminalec i ke go zatvoris. Mediumite se tie sto izmisluvaat prikazni za pari vrz osnova na koj sudovite i obvinitelite pravat slucaj (poznata sema). Zatoa do den denes se vodat izmisleni sudski procesi i nikogas nema da zavrsat zatoa sto treba da se zatvorat nevini lugje.

  2. Ако се толку професионален медиум, зошто паднаа толку ниско за да го користат Интернетот за да бранат други фирми, а не себеси од инспекцијата и од финансовата полиција, кои само дошле да си ја вршат својата работа ?
    Единствена поврзаност со информатиката е тоа што станува збор за средство кое игра улога на информатор на јавноста, но очигледно ги дистрибуира информациите на погрешен начин.
    Па сега, не е можно цела Македонија да лаже кога вели дека инспекцијата и финансовата полиција само си ја вршат својата работа, а само овие да бидат во право кога велат дека биле жртви на насилство.

    1. Што мешаш политика во ова!!!!
      Не се става во секоја манџа запршка!!!!
      Каде прочита во статијата завземање на одреден став спрема некого!!!!!

  3. Ваков пост од овој портал најмалку очекував. Не е во ред…
    Каде е информатиката и технологијата во ова?
    Срамота

    1. Aко друштвените медиуми (интернетот) како комуникациска алатка не ти се технологија тогаш и јас сум разочаран. Срамота да се викате информатичари а да не можете да погледнете како се дигитализира светот.

      Нах, j/k тука сме да посочиме, ги сакаме сите читатели,. /hug

  4. Ova samo twitter feed… please barem potrudi se da bidat pokrieni barem site pogolemi socijalni/drushtveni mediumi.

    Mozhe kako ideja eve, da se najdat site kreirani grupi za dramava ili dobri komentari na fb? I pls keep us updated so site novi uploadirani videa na youtube utre.

    + myspace izgleda se aktivira ponovo…
    </sarcasm>

    Zakon si be vicka :)

  5. Ова е само пример за како ги користиме друштвените медиуми за комуникација. Одличен пример бидејќи FB и Twitter вријат со коментари од корисниците. Сега затоа што е скокотлива тема ќе се потресувате?

  6. Во никој случај ова не е замарање со политика. Ова е еден медиум кој до сега се покажал како крајно професинален да брани друг медиум. Можеби утре другиден пред вратите на администраторите ќе дојди полиција и ќе бара да ги провери сите сметки на кои има прилив на пари од овие реклами на ит.ком.мк.

  7. Немојте и вие бе луѓе да замарате со политика… ах бе… и вие сте за нигде ! уште овде не очекував политика, ама изгледа таква е државата и народот… поболени за политички кавги и глупости !

      1. Па во текстот нема политика, но малце ли е тоа глупостите што ги пишуваат на твитер фидот ? ајде аман…

      2. Тоа на твитер фидот се мислењата на корисниците. Исто како што е и твоето во погорниот коментар. Тоа е и поентата на постот. Ако си на друштвена мрежа тогаш можеш да им кажеш на сите што мислиш. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии