А1 Македонија започнува финално тестирање на 5G мрежа

А1 Македонија започна со финално тестирање на 5G мрежата. За оваа цел компанијата постави тестна 5G мрежа во центарот на Скопје. Со ова компанијата е чекор поблиску до комерцијално воведување на 5G технологијата за сите корисници.

“Поставувањето на тестната 5G мрежа е уште еден доказ за нашата посветеност и стратешката определба за креирање и воведување најсовремени дигитални решенија, кои овозможуваат нови и напредни дигитални искуства на корисниците. Ова е само почеток на новата индустриска револуција, а 5G е горивото на кое таа работи. Продолжуваме понатаму со интензивни активности за што побрза имплементација на оваа технологија за комерцијална употреба”, изјави Методија Мирчев извршен директор на А1 Македонија.

Новата 5G мрежа ќе овозможи поголема брзина и поголем капацитет, помала латенција и поголема мрежна покриеност во преносот на податоци за кои корисниците веќе и сега имаат реална потреба. Со ова финално тестирање достигната е брзина од 1Gbps за пренос на податоци, реализирано на мобилен телефон кој поддржува 5G мрежа.

A1 Македонија, кон крајот на 2019 година успешно ја заврши првата фаза на тестирање на 5G технологијата во лабораториски услови. Тестовите беа направени со комерцијални терминални уреди во географски ограничена реална средина и ги потврдија очекувањата и можностите на 5G технологијата во насока на остварување огромни брзини, многу ниски латенции и можност за поврзување на интернет на огромен број уреди, односно иновативни апликации на петтата генерација безжична технологија.

Во Македонија тестови за имплементација на 5G мрежа кон крајот на 2019 започна и Македонски Телеком. Локацијата на овие тестови е иста како и во овој случај – центарот на Скопје. Целта на таа тестна 5G мрежа беше тестирање на перформансите во реални услови со кои би се овозможиле нови услуги за корисниците, од супер брз фиксен безжичен интернет, VR (Virtual Reality) 3600 видео во живо, VR gaming во реално време, до ultra-HD multi video streaming.

Новата генерација технологии, 5G, е веќе воведена во компаниите членки на А1 Телеком Групацијата во Австрија, Хрватска и во Бугарија.


Напомена согласно нашите етички принципи: А1 Македонија е долгогодишен клиент на компанијата која стои зад IT.mk – IWM Networkтекстот не е реклама туку проследување на соопштение за јавност кое IT.mk редакцијата смета дека ќе им е од корист на читателите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии