А1 Македонија ја заврши првата фаза тестирања на комерцијална 5G технологија

IT.mk редакција

во ИТ.МК

А1 Македонија јави дека успешно ги завршиле тестирања на 5G и успешно го направија првиот повик на 5G технологија. Со ова завршува првата фаза на тестирањето на 5G и компанијата и корисниците се поблиску до официјално пуштање на 5G.

Тестовите се направени надвор од лабораторија, но сепак во географски ограничена средина. Резултатите од тестовите се очекувани и секако во насока на обезбедување на поквалитетен и значително побрз интернет. 5G овозможува многу покусо доцнење на сигналот (латенција) и можност за поврзување на многу повеќе уреди.

„Со напорни и интензивни подготовки во минатиот период, развивме интерни компетенции и овозможивме високо ниво на технолошка подготвеност за комерцијално воведување на 5G. Со гордост ја известуваме јавноста дека го реализиравме првиот 5G повик во тестна мрежа на А1 Македонија и со тоа можеме да потврдиме дека како компанија сме подготвени да продолжиме со следните чекори во воведување на најновата мобилна технологија од петтата генерација. Наскоро ќе го демонстрираме техничкиот потенцијал и иновативните промени на оваа најнова, револуционерна технологија“, вели Божидар Полдругач, директор на одделот за техника во А1 Македонија.

5G ќе отвори многу нови области во безжичните комуникации, од автономни возила до паметна инфраструктура во градови, доверливо управување на уреди на далечина, интернет на нештата и уште куп друга супер интересна технологија.

Со мрежите од петтата генерација се овозможуваат целосно нови примени во областа на безжични комуникации, современи начини за користење на мобилните мрежи и многукратно подобрување на корисничкото искуство, обезбедувајќи големи брзини и капацитети за пренос на податоци (интернет), видео и гласовни услуги, како и поголемо покривање и кратка латенција, која овозможува сигурна податочна комуникација во реално време, овозможувајќи поврзаност за индустриски апликации, автономни возила, гејминг, разновидни автономни уреди со долг век на траење на батериите и воопшто секаков вид современи податочни услуги што оваа технологија ги овозможува.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии