Еве, на кратко, неколку важни настани од конгресот кој ќе трае до 18 фебруари.

  • 5 милијарди луѓе ќе користат мобилни телефони во 2010 година, велaт Обединетите Нации. „Дури и за време на економска криза, немаше пад во побарувачката на комуникациски услуги.“ вели Хамадун Тоуре, генералниот секретар на Интернационалната телекомуникациска унија. Во 2009 година имаше околу 4.6 милијарди мобилни претплати.
  • Intel и Nokia ги споија своите оперативни системи Moblin и Maemo за да ја направат MeeGo платформата за мобилни која ќе се користи за паметните телефони, ноубуковите, телевизори и за електрониката во автомобилите. MeeGo е слободен софтвер.

  • 24 оператори отворија соработка за креирање на отворена платформа за апликации со намера да му конкурираат на App Store на Apple. Меѓу комапниите се американските AT&T Inc., Verizon Wireless и Sprint Nextel Corp., европските Deutsche Telekom AG, France Télécom SA, Telefónica SA и Vodafone Group Ltd., азискиот NTT DoCoMo и China Mobile.
  • Мicrosoft го објави Windows Phone 7, ребрендираниот оперативен систем за мобилните телефони и директорот за мобилни технологии во Microsoft, Николас Петит го најави како „голем и нов чекор кон развивање на нашата мобилна стратегија“.

  • Vodafone го објави најефтиниот мобилен телефон. Vodafone 150 чини само 15 долари, а Vodafone 250 чини 20 долари. „Цената на мобилните телефони може да биде важна бариера за луѓето да добијат пристап до бенефитите од растечкиот број на социајлно вредни мобилни сервиси“. вели Патрик Шомет од Vodafone.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии