ИТ Aнкета: Онлајн шопинг, стандард, недоверба…

Пред и за време на Нова Година и Божиќ поставивме анкета „Дали ќе купувате онлајн за празнициве?“. Резултатите од 330 гласови се доста интересни.

Иако IT.com.mk е сајт чии посетители се луѓе кои имаат познавања од ИТ светот сепак недовербата во продавниците останува голема. 20 отсто од 330 испитаници рекоа дека не им веруваат на сајтовите, додека 17.9% рекоа „би сакал/а, но не знам дали е сигурно“. Само 21 отсто од нашите посетители рекоа дека ќе купат нешто од онлајн продавниците.

Најголемиот дел од испитаните рекоа дека немаат картичка да платат, 41% или 135 анкетирани. Ова
значи две работи: 1. платежните картички се уште не се вообичаена работа во Македонија, иако е лесно да се извадат, пример, дебитна се вади само со лична карта, 2. луѓето немаат доволно голем стандард да можат да се опуштат, да извадат кредитна/дебитна картичка и да купуваат онлајн.

Заклучокот е дека иако се повеќе се појавуваат онлајн продавници, сепак онлајн шопингот во Македонија ќе треба да почека уште малку за да стане исплатлив бизнис. Можеби треба да се поработи на добивање на довербата на потрошувачите, а може да се откријат и нови начини за плаќање. Пример, плаќање по мобилен?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии