Заедницата на популарниот хумористичен сајт 9gag.com му објави спам војна на Nescafe бидејќи Nescafe дисквалификува видео од својот натпревар од корисник кој побара „лајкови“ од заедницата за да победи и да го израдува својот хендикепиран брат.

Унгарскиот Nescafe на својата Facebook страница објави натпревар на кој ги повика корисниците во кратко видео да објаснат што ќе прават со наградата која изнесува 5.000 долари. За видеото да влезе во финалето е потребно да собере најмногу „лајкови“, а во финалето Nescafe ќе одлучи за победникот.

Корисникот Jani објави стрипче на 9gag.com во кое објасни дека сака да го израдува својот 11-годишен хендикепиран брат со 5-те илјади долари, и побара од заедницата на 9gag.com да му кликнат Like на видеото. Наместо 3.000 „лајкови“ кои му беа потребни за влез во финалето, неговото видео собра над 40.000.

Бројните гласови не се изненадување кога се работи за популарните сајтови со кориснички-генерирана содржина. 9gag.com е токму таков сајт. Тој не креира содржина, туку корисниците споделуваат креативни постови кои потоа се лајкуваат и споделуваат од други, формирајќи една глобално поврзана заедница. Во неколку наврати се покажа дека таквите заедници се секогаш подготвени да дадат поддршка на корисник, и можеби малку порасположени да критикуваат и тролаат некого кој не е со нив.

Nestle, најверојатно мислејќи дека 40-те илјади се некоја измама, го дисквалификува видеото, и го тргна од натпреварот.

Ова ја разгневи заедницата на 9gag.com која започна да ја спамира и унгарската и официјалната Facebook страна на Nescafe со навреди, погрдни зборови, критики и барања да се исплатат парите од наградата. Спамирањето сè уште трае, всушност има по нова погрдна спам порака скоро секоја минута.

8 коментари на “9gag му објави војна на Nescafe

  1. Nestle se predade:
    Our goal with the Nescafé 3in1 promotion was to support the implementation of creative and positive projects in Hungary. We received more than 600 competition entries with lots of great ideas, ranging from an ambulance for children to a shelter programme for homeless people. Although qualification onto the shortlist was in line with the official promotional guidelines, we recognize that János Szolnoki achieved a fantastic level of online support for the good cause of helping handicapped children. At Nestlé we are committed to addressing social problems and have decided to offer 1 million HUF to the Pető Institute, a longstanding partner of ours who offer care and support for disabled children. They have offered to provide special treatment for János’ brother Milán. We encourage anyone who feels passionate about this important issue to also make a donation to the Pető Institute, so further handicapped children can receive expert support and care through the bank account Nr. 10300002-20384669-00003285 (please indicate „donation” in the subject). Work with us and János to support this good cause!

  2. Do not fuck with us! -9gag army.

    I nide, ne tropaj gluposti, da, ima mnogu repostovi, t.e. sliki najdeni na net i postirani na 9gag ama najcesto tie se brisat. Do pred mesec dena 90% od postovite bea originali, no sega bidejki vo poslednive mesec-dva imase golem influks na novi korisnici, stari postovi pocnaa povtorno da se pojavuvaat no i toa za kratko vreme ke prekine.

    1. trolls? деца невидени што крадат од буквално СЕКАДЕ на нетот. 9gag, tumblr, reddit и сличните сајтови сите се полни со деца и крадат од каде можат и ги објавуваат ко нивни. тажна работа…

      1. и каква врска има тоа со гафот на унгарското нескафе? тие направиле злобно дело и сега заедницата(децата) се ситат. зошто па да не? им се сронал бисерот на нескафе….

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии