9 инди игри со кои Sony ја започнува иницијативата PlayStation Indies

Низ годините Sony охрабрува пласирање на инди игри на нивната конзола, но досегашното напори немаат вродено забележителни плодови.

Најновиот потег за поефикасно поплочување на патот на инди игри се чини дека се содржи во услугата PlayStation Now. Слично на Xbox Game Pass, PlayStation Now e претплатничи модел каде имате на располагање стотици игри за играње. Планот на Sony е да се смени перцепцијата не само околу инди игрите, но и околу PlayStation Now. Поради тоа, компанијата започнува иницијатива наречена PlayStation Indies. Фокусот е да се привлечат што е можно повеќе инди девелопери да ги приложат нивните игри кон PlayStation Now и, со самото тоа, да помогнат кон дополнително истакнување на претплатничката услуга.

Stream PS3 and PS4 games instantly| PS4 and Windows PC ...
Дознајте повеќе за PlayStation Now и други услуги за PS4 тука!

Вчера, Sony вети да открие девет игри кои ќе бидат еден вид пионири во PlayStation Indies. Пред да ве оставиме со игрите, мала напомена дека се очекува игрите да бидат и за PS4 и за PS5. По една игра месечно би требало да биде бесплатна на PlayStation Now.

Carto – Humble Games/Sunhead Games

Авантура, со акцент на истражување и запознавање со култури на народи

Creaks – Amanita Design

Хорор каде користите светлина за заробување и уништување чудовишта

F.I.S.T: Forged in Shadow – TiGames

Истражувате огромен механички град како зајче со метална песница :)

Haven – The Game Bakers

Ко-оп авантура каде решавате загатки на мистериозна планета

Heavenly Bodies – 2pt Interactive

Вселенска симулација каде акцентот е на предизвикувачки предизвици за решавање загатки

Maquette – Graceful Decay

Уште една игра со загатки, но на исклучително откачен начин и интеракција со мали и големи верзии на светови

Recompile – Phigames

Играјте како вирус, но внимавајте да не бидете избришани за време на битките во трето лице или додека решавате загатки

Where the Heart Is – Armature Studio

Игра каде фокусот е на емоционална приказна и огромни напори да ве принуди да не знаете каде имагинацијата завршува, а реалноста започнува

Worms Rumble – Team17

Потсвесно, знаевме дека и ова ќе се случи еден ден. Battle Royale игра со црвчињата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии