9 чекори за успешно лансирање на нов производ

(Oва е гостински текст од Петар Ниновски, основач на едукативната платформа Brainster.co. Текстот е дел од „Дигитален Маркетинг 101“ серијата. Регистрирајте се за целата серија и добивајте бесплатни маркетинг лекции директно на вашиот имејл!)


Лансирањето на производ е повеќе од ангажирање на ПР агенција која ќе ја спроведе веста за вашиот нов производ до медиумите. Во денешно време можеби е и полесно медиумите да ја објават твојата приказна но е многу потешко да го привлечеш вниманието на клиентите.

Но, за среќа или несреќа потребни се нови тактики за лансирање на новите производи:

1. Направете лендинг страна на која ќе го претставите вашиот производ на потенцијалните клиенти. Најдете повеќе канали преку кои ќе ја дистрибуирате содржината до специфичната целна група. Немојте социјалните медиуми да ви бидат единствено решениe. Исто така мотивирајте ги оние кои ќе ја посетат лендинг страната да ги поканат нивните пријатели Погледнете ја лендинг страната на Brainster.

landing-brainster

2. Почнете да ги контактирате новинарите најмалку 1 месец пред лансирањето на производот. Немојте да очекувате да ги исконтактирате медиумите на денот на лансирањето и истите да ве објават. Ако се професионални не би требало да го направат тоа. На новинарите ќе им бидат потребни неколку денови за да ја проверат веста и да поразговараат со вас и со можните клиенти. Да излезете во медиумите е круцијално за првите регистрации. Ова се само дел од објавите за Brainster во медиумите.

3. Почнете со активности на социјалните медиуми. Започнете со „Наскоро“ твитови и постови. Почнете да постирате визуелни елементи поврзани со производот и фотографии од производот. Исто така можете да почнете и со одбројување на деновите до вашето лансирање. Доколку сакате да дознаете повеќе начини како може да ги искористите социјалните медиуми со цел подобро да го претставите Вашиот производ, ви препорачуваме добро да се подготвите со сите информации, идеи и вештини потребни за да креирате успешна маркетинг кампања.

tizer

4. Презентирајте ја идејата на инфлуенсерите од заедницата. Побарајте совет од нив и дајте им пристап до производот. Мотивирајте ги да го пробаат производот и да дадат јавна оценка.

5. На денот на лансирање користете платформа како Producthunt. Ова е местото каде што ентузијастите ги објавуваат и ги гласаат најиновативните мобилни апликации, веб страни, хардверски производи и технoлошки креации. Најуспешниот македонски производ на producthunt е OK Google производот на Кристијан Ристовски.

ok-google-1024x494

Останати платформи кои можете да ги искористите се:

6.Продолжете со објавување на медиумите и по денот на лансирањето. Овој пат сменете ја приказната и пишувајте за задоволни клиенти, колкава продажба сте направиле, какви се резултатите од Pre-launch кампањата итн.

7. Инволвирајте ги партнерите во процесот. Со инволвирање на партнерите ви се отвараат и други канали за промоција. Колку повеќе луѓе зборуваат за вашиот производ толку се поголеми шансите веста за лансирањето на вашиот производ да стигне до повеќе луѓе.

8.Снимете видео со едукативна содржина. Наједноставната форма на видео е интервју. На пример, ако започнувате со академија за програмирање тогаш направете интервју со неколку познати програмери, сопственици на ИТ компании и инфлуенсери. Постaвете им прашања како на пример: Кога за прв пат сте се сретнале со програмирање? Зошто треба да научите да програмирате? Кој е најдобриот начин да научите програмирање?

Ова е моето омилено видео:

.

9. Фокусирајте се на вашата целна група. Не е важен бројот на лајкови на Facebook. Важно е колку луѓе за оваа време на pre-launch кампањата ќе посакаат да го купат вашиот производ. Фокусирајте се на квалитетот наспроти квантитетот.

Бонус совет: Лансирајте го новиот производ исто како да лансирате нов стартап.

Доколку оваа маркетинг лекција беше корисна за вас, Ви предлагам да се регистрирате на бесплатниот 30 дневен курс и да добивате лекции директно во Вашето емаил сандаче.