9 бесплатни PS4 игри со цел да се охрабри седењето дома и социјалната дистанца

Sony продолжува со одличната Play At Home иницијатива според која PS4 сопствениците можат бесплатно да го поминат слободното време со некоја од девет исклучително квалитетни игри. Првото нешто што е потребно да направите е да се упатите на следниот линк и да ја зграпчите Ratchet & Clank. Оваа феноменална игра е бесплатна само уште денеска!

 Што се однесува за останатите бесплатни игри, следниве игри се бесплатни за сите во наредните осум денови. За да ги зграпчите игрите не ви се потребни никакви претплати, а во моментот штом ги „аднете“ на вашиот акаунт, остануваат ваши засекогаш!

Листата од игрите станува значително повредна доколку имате и можности за PSVR. Astro Bot Rescue Mission е најдоброто нешто што го имаме проверено во VR, а Moss е исклучително блиску до златна 10!

The Witness, пак, e солидна игра со преубави предели и предизвикувачки загатки, а Enter the Gungeon e уникатен dungeon crawler кој ќе биде особено ценет од сите љубители на тони плен.

Како и да е, ова се сите игри кои се бесплатни на US, UK или некој друг регион:

  • ABZÛ
  • Enter the Gungeon
  • Rez Infinite
  • Subnautica
  • The Witness
  • Astro Bot Rescue Mission
  • Moss
  • Thumper
  • Paper Beast

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии