80% oд младите европејци се активни на друштвени мрежи, според Еurostat

Статистиката покажува дека над 80 отсто од младите европејци, меѓу 16-24 години, од 27-те земји-членки активно користат друштвени мрежи. Тоа активно користење, покрај светските трендови, се должи и на двојно зголемениот процент на домаќинство кои имаат широкопојасна интернет конекција во последниве четири години.

Интересен, најголем, скоро драматичен пораст во интернет поврзаноста зависи од децата.

Пример, во Бугарија, 62 отсто од домаќинствата со деца имаат интернет, за разлика од 29 отсто од домаќинствата без деца. Слична голем разлика се приметува и во Естонија, меѓу другите земји, каде 92 отсто од домаќинствата со деца имаат интернет, а само 59 отсто од домаќинствата без деца.

Според користењето скоро 90 отсто од интернет корисниците користат имејл, 80% од младите меѓу 16-24 години користат блогови, четови и друштвени мрежи, а интересно еден од пет европејци го користи интернетот за телефонски повици.

Во 2010-та скоро 70 отсто од домаќинствата од 27-те земји-членки имаат пристап до брз интернет, што е скоро двојно повеќе споредено со 49% поврзаност од првиот период од 2006-та година.

Но, иако се повеќе европски домаќинства имаат пристап до брз интернет, сепак се уште има големи разлики меѓу различните земји-членки.

Wow – 50% of households with kids in Romania have internet, 99% in NL, Finland http://tiny.cc/EUbbstats #eurostat #EUless than a minute ago via web

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии