8 работи што ќе се воведат со најновата надградба за PS5

Мартин Јованчевски

во гејминг

Најновата поголема софтверска надградба за PS5 ќе стапи на сила утре, а ова се 8 главни работи што ќе бидат испорачани со неа!

  • Нови опции за прилагодување на центарот за контрола, каде можете да го менувате редоследот на иконите за полесен пристап до најчесто користените икони. Одредени икони можат и целосно да бидат сокриени.
  • Подобрени функции за социјализација преку Game Base, каде полесно доаѓате до сите пораки и одговарате на нив. Паралелно со ова, добивате увид за тоа кои пријатели се онлајн, кои се зафатени, а кои се офлајн. Со новата надградба можете полесно да одбирате повеќе понуди за пријателство од еднаш и истите инстантно да ги прифатите или избришете. Кога сте во група, нема да морате индивидуално да исфрлате играчи, туку ќе можете инстантно да ја растурите групата.
  • Една иста игра која ја имате инсталирано како две верзии, и за PS4 и за PS5, соодветно ќе биде идентификувана и етикетирана и во вашата библиотека со игри, како и на главното мени, за да точно знаете која верзија покренувате и играте.
  • Доколку сте претплатени на PlayStation Now и сакате да започнете со стримање игри, имате поголема контрола врз квалитетот на стриманото видео и преку Stream Quality ќе можете да одберете дали видеото од вклучената игра да е во 720p или 1080p. Исто така, на располагање ќе имате нов, подобрен тест за проверка на квалитетот на вашата интернет врска.
  • Поддршка за 3D Audio за вградените звучници на телевизорот, како би имерзивноста била повисока, а звуците кои допираат до вас уште пореални. Преку микрофонот на вашиот контролер можете да ја мерите акустика на просторијата за најдобра оптимизација со звукот.
  • Доколку сте спремни да ја отворате конзолата, новото софтверско надополнување ќе ви дозволи да вметнете дополнително проширување на просторот преку M.2 SSD.
  • Управување на вашата конзола од далечина и преку вашиот телефон. Ваквото нешто ќе биде возможно преку официјалната PS Remote Play апликација.
  • Преку PlayStation апликацијата ќе можете и да гледате стримови на вашите пријатели кои решиле да го споделат екранот со вас. Паралелно со гледање на гејмплејот на вашиот пријател можете и да си разговарате. Ова го започнувате преку Party Voice Chat.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии