76 милиони долари заработиле сајтовите во Европа што шират лажни вести

IT.mk редакција

во ИТ.ЕУ

Најголемите светски компании и натаму продолжуваат да се рекламираат на веб-страници кои шират дезинформации. Над 76 милиони долари е вкупната сума на средства кои се одлеваат само на ваквите страници во Европа, јави GDI.

Огромен дел од овие реклами доаѓаат од најголемите светски компании. Реклами од Amazon Prime, Burger King, Mercedes Benz, Samsung, Spotify и Volvo се достапни на овие страници. До најголем дел од овие страници (57 отсто) средствата стигаат преку сервисот за реклами на Google. На Google отпаѓаат 62 отсто од вкупните средства кои доаѓаат до овие страници или 48 милон долари.

Покрај Google значајна сума исплаќа и францускиот сервис Criteo (13 милиони долари годишно), а зад нив е OpenX.

Најголем дел од рекламите одат во локализирани верзии на Russia Today, Sputnik News и Epoch Times, вели EUvsDiSiNFO.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии