72 светски организации и влади биле мета на петгодишен сајбер напад, вели McAfee

Безбедносната фирма McAfee вели дека го откриле најголемиот сајбер напад до сега кој во период од пет години таргетирал куп светски организации како Олимпискиот комитет, Обидинетите нации, безбедносни компании, вкупно 72 организации и влади од 14 земји.

Крстен од McAfee како „Операција сомнителен стаорец“, според Remote Аccess Тool (англ. rat = стаорец), сајбер нападот бил употребен да се украдат имејл архиви, доверливи документи и владини тајни.

Сајбер нападот бил откриен откако McAfeee дошол до логови од сервер користен од хакерите во кои имало информации дека организации и влади ширум светот се нападнати со малициозен софтер.

McAffee не именува кој е одговорниот за „Сомнителниот стаорец“, но прстот се вперува во Кина поради одбраните мети и времето на пробивање кое е врзано со активности поврзани со Кина, посебно со пробивање на Олимпискиот комитет во 2008-ма.

Oвој напад иако е со огромно значење сепак не е ново нешто и воопшто не изненадува, вели директорот на McAfee, Дмитри Алперович.

„Ова е проблен на масивна скала што ги зафаќа скоро сите индустрии и економски сектори на бројни земји, и единствените организации кои се исклучот од оваа опасност се тие кои немаат ништо вредно или интересно што вреди да се украде.“

1 коментар на “72 светски организации и влади биле мета на петгодишен сајбер напад, вели McAfee

  1. Пацов како збор не постои во македонскиот речник. Превземен е од српскиот јазик, и означува глушец, стаорец. Pls средете. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии