7 работи за Assassin’s Creed Valhalla!

Assassin’s Creed Valhalla се заканува да биде следното огромно нешто од Ubisoft. Ова се седум работи кои се дознаа за штотуку најавената игра.

1. Се исфрли филмски трејлер кој прикажува епски битки помеѓу саксонците и викинзите.

Погодете на која страна вие ќе бидете!

2. Се работи за чистокрвна RPG игра која ќе се надоградува на механиките искусени во Odyssey. Тоа значи дека ќе донесувате избори, ќе склучувате политички сојузи, ќе размислувате за борбени стратегии и ќе водите најразлични дијалози.

3. Ќе управувате со цела населба така што ќе градите и надградувате објекти, преку кои ќе остварувате профит, ќе регрутирате воини, и ќе го менувате вашиот изглед. Нешто што се чини исклучително важно кога ќе земете во предвид дека играта ќе има и можности за рејдови.

4. Ќе можете да играте или со машки или со женски лик кој се вика Eivor.

5. Иако сеуште нема гејмплеј приказ, од Ubisoft нѝ ветија пријатно изненадување и на тој поглед. Играта ќе излезе при крајот на 2020 година, за Epic Store или Uplay. Steam се чини повторно заобиколен.

6. На располагање ќе имате три едиции, покрај стандардната. Златната едиција е со основната игра и со сезонската пропусница. Ултимативната едиција ја содржи златната, но и дополнителни содржини за прилагодување на изгледот, како и додатоци за надградба на оружјата и опремата. Колекционерската едиција е физичка едиција која содржи бројни дополнителни додатоци, како статуи, книга, и слично. Предвремена нарачка на играта ви дава дополнителна мисија која се вика The Way of the Berserker.

7. На Assassin’s Creed Valhalla работат неверојатни 15 студиа од најразлични краеви од светот, што е половина од вкупниот број на сите студиа на Ubisoft. На претходната игра, Odyssey, работеа 7 студиа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии