PDXCon 2018 беше ударна вест минатата недела и издавачката куќа Paradox донесе бројни вести за фановите на стратегии, што во форма на нови игри, што во долго-посакувани додатоци.

1. Imperator: Rome ќе излезе наредната година и ќе понуди комплексен систем за управување со ликови и различни народи. На располагање имате изобилство од воени и дипломатски можности за достигнување на ултимативната доминација. Секоја култура се располага со уникатен начин за војување и отклучува уникатни бонуси, способности и единици,  а инвестирање во згради, патишта и одбрамбени механизми ќе го прават вашето кралство не само посилно туку и побогато.

2. Stellaris: Distant Stars ќе биде следното DLC за приказната во оваа стратегија, а ќе излезе побргу отколку што би можеле да очекувате. Од 22.мај, љубителите на овој вселенски наслов ќе можат да уживаат во нови аномалии, нови системи за истражување и три нови leviathans. Новиот кластер на ѕвезди, кој се вика L-Cluster,  ќе биде одделен од галаксијата и ќе мора да поправате таканаречени L-Gates доколку сакате да навлезете во него.

3. Една од најголемите вести на PDXCon 2018 беше тоа дека се работи на board игри за Europa Universalis, Crusader Kings, Hearts of Iron и, верувале или не, Cities: Skylines. Поголемиот дел од игрите ќе излезат во 2019 година, а потоа, Paradox планира да продолжи со понатамошно исфрлање додатоци за board игрите или пак да понуди сосема нови наслови.

4. Hearts of Iron 4: Man the Guns е експанзија која ќе проба да ги прошири поморските битки. Со експанзијата ќе можете да осмислувате воени бродови со покомплексни детали и да прилепувате најразлични елементи од офанзивна и дефанзивна природа. Старите бродови, пак, можете да ги надградувате со најновата технологија, а онаму каде поморските стратегии ќе потфрлат, ќе можете да се потпрете на нови дипломатски можности.

5. Europa Universalis 4 ќе ви дозволи да ја посетите Индија. Со најновата експанзија, насловена Dharma, ќе можете да се втурнете во нови и, претежно, мирни преговори, со мноштво од нови опции за уредување на владата и системот соправила. Инвестициите во трговија ќе ви дозволат да ги надградувате провинциите, а новите опции во владата ќе ви отклучат нови реформи и можности за зголемување на вашата моќ.

6. Ни фановите на Crusader Kings 2 не останаа со празни раце. Додатокот Holy Fury црпе инспирација од северните крстоносци на католичката Европа и нивните пагански соседи. Играчите ќе можат да ги надградуваат нивните војници со секој направен напад, а и да отклучуваат моќни сојузници, како и да вршат канонизација и да префрлувааат слава на идните генерации. Новите закони за наследство го менуваат начинот на кој бројни области се обединуваат.

7. Age of Wonders серијалот се сели во научно фантастични води. Planetfall е спиноф на надалеку познатиот серијал од turn-based стратегии и има за цел да ја комбинира препознатливиот тактички, борбен систем на AoW и градење со огромни механички возила и футуристички, технолошко напредни единици и структури. Age of Wonders: Planetfall е во развој веќе три години, а треба да излезе при крајот на 2019 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии