7 најдобри Android игри со попуст #2

Ако нешто има подобро од игри на телефон, тоа се евтини игри на телефон. Секоја од препорачаната игра е заснована на исклучително субјективни мислења и во случај да не сте импресионирани на начин на кој ние мислевме дека би биле, не заборавајте да ја искористите политиката за враќање на средствата на Google и автоматски да си ги повратите паричните средства преку опцијата Refund. Секоја од игрите е со попуст од различно времетраење.

The Inner World и The Inner World – The Last Wind Monk – Урнебесно смешни авантури, засновани на класичните гејмплеј механики. Решавајте најразлични загатки во живописен и динамичен свет на невообичаени ликови.

Bridge Constructor Medieval – Правете мостови за да средновековните градови можат непречено да се снабдуваат со најразлични ресурси. Или користете понеквалитетни материјали за да напаѓачката војска го оштети мостот и падне во провалија. Изборот е ваш!

EQQO VR – Технолошки поткованите VR фанатици имаат на располагање интересна приказна за мајка и син, заснована на древни етиопски легенди.

Lifeline – Поголемиот дел од Lifeline игрите се со попуст од 33%. Серијалот го препорачуваме затоа што се работи за имерзивни наративни остварувања кои кријат богати светови под тони текст. Комуницирајте и донесувајте избори кои значително ја менуваат приказната.

Empire Warriors Premium: Tower Defense Games – Феноменална алтернатива на Kingdom Rush каде градите и надградувате најразлични кули, управувате со херои и активирате најразлични магии за да ставите крај на бранови и бранови од непријатели.

Shiny The Firefly THD – Симпатична игра, особено за помладите гејмери каде управувате со светулка и ги барате нејзините бебиња.

DEAD CITY – Уште едно интересно наративно остварување во форма на текстуална авантура кое се осмелува да се споредува со Telltale игрите. Внимателно размислете за секој избор и секој совет што ќе го споделите. Во спротивно, последиците можат да бидат катастрофални.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии