7 корисни екстензии за Chrome

Google Chrome глобално е еден од најкорисените прелистувачи. Секако и чистата инсталација на прелистувачот е доволна да ги убеди корисниците дека Chrome е најдобар прелистувач. Ако ова не ви е доволно, за Chrome има и еден тон екстензии, дел навистина и не се многу корисни, но дел имаат одлични функционалности.

Grammarly

Grammarly е една од оние екстензии чија корисност зависи од она што го работите. Ако често пишувате текстови на англиски оваа екстензија може значително да ви помогне.

Освен што проверува грешки при пишувањето, проверува и граматички грешки, пример користење на „your“ ако треба „you’re“ или менување на „u“ во „you“. Екстензијата додава и совети за интерпункција.

За сите кои често пишуваат на англиски, екстенизијата е задолжителна. Недостаток е што со некои сервиси Grammarly не се интегрира најдобро. Сепак најверојатно најголемиот недостаток доаѓа од потребата за користење јазици кои не се англиски.

 Ghostery

Ghostery е adblocker кој не само што блокира реклами туку и ви покажува кои сервиси ве следат. Дополнително, како и на најголем дел на екстензиите кои овозможуваат блокирање на реклами и Ghostery овозможува да ги „отклучите“ рекламите.

Сепак можеби најдобриот дел е листата која овозможува да видите кои сервиси ве следат од некоја вебстраница, па потоа да си одлучите дали сакате да продолжите да ја посетувате.

 Adblock Plus

Кога сме кај AdBlock екстензии листата не може да помине без да ја спомнеме најпопуларната, AdBlock Plus. Екстензијата се користи на над 100 милиони уреди, секако главна причина за ова е можноста за криење на дел од најздодевните реклами.

Без разлика дали станува збор за анимирани реклами, видео и аудио кое автоматски стартува или реклами кои го кријат целиот екран. Со тоа не само што се овозможува почист изглед, туку и помал интернет сообраќај.

 LastPass

LastPass е екстензија на Chrome која е корисна за сите без разлика што работите. Станува збор за алатка за менаџирање на лозинки кои ги кориситите на повеќе различни сервиси и страници. Секако ако користите повеќе различни сервиси и LastPass ќе ви биде покорисен, но денес речиси секој има профили на барем 1о различни места, од друштвени мрежи до продавници и електронска пошта.

Секако дел од платформите заговараат користење на физички клучеви за поголема безбедност, но се чини дека ова нема да биде во скоро време. Затоа LastPass барем засега е една од клучните алатки кои треба да ги користите за поголeма безбедност онлајн.

 Pushbullet

Pushbullet е екстензија/сервис кој овозможuва споделување на фајлови и линкови помеѓу различни уреди, пример телефон и декстоп. Сервисот овозможува и сподeлување помеѓу различни оперативни системи, на пример линковите од iPhone може да ги пратите на Windows дектоп.

 Raindrop.io

Екстензија која го разубавува букмарк делот на прелистувачот, иако можеби подобар опис е дека го прави попрегледен. Екстензијата овозможува да промените сѐ, од само големина на фонт па до целосна промена на CSS.

Екстензијата овозможува зачувуување на содржина и нејзино означување со теми, тагови и слично за полесно пребарување и пронаоѓање во иднина.

 Wappalyzer

Wappalyzer е екстензија која ви овозможува пронаоѓање на технологијата која се користи во некоја страница. Корисна е за анализирање на веб-страниците и може да биде корисна за веб-развивачи, иако можеби повеќе за тие кои се на почеток.

Екстензијата покажува која технологија се користи, а за секоја од технологиите покажува и кои се најпопуларните страници на кои се користи. Она што би можело дополнително да помогне е што прикажува и кои CMS, Widgeti, веб-серveri, JacaScript-и куп слични алатки се користат.

Продолжува наскоро…

2 коментари на “7 корисни екстензии за Chrome

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии