Во наредните 10 дена, Microsoft организира огромна пролетна распродажба. Во случај да сакате да купите квалитетна, но искличително евтина игра за вашата Xbox конзола без да копате низ долгата листа, ова се 6 Xbox игри кои не чинат ни 160 денари, а кријат часови и часови забава!
- Tour de France 2017, 160 денари
Кога времето е непредвидливо, а се препорачува социјално дистанцирање, дигиталното тркање со велосипеди звучи како исклучително добра идеја!
- Virginia, 130 денари
Одлична авантура во прво лице за мистериозен град кој крие запрепастувачка тајна!
- Tomb Raider: Definitive Edition, 160 денари
Првата игра од најновата трилогија со Лара е, воедно, една од најдобрите игри што ги имаме играно во последно време!
- METAL GEAR SOLID V: GROUND ZEROES, 160 денари
Феноменална и кратка игра/ демо во трето лице која одлично комбинира најразлични пристапи, со директна офанзивна моќ, или со прикрадување!
- Fear Effect Sedna, 160 денари
Сосема солидна акциона стратегија со уникатни гејмплеј механики и загатки!
- Bear With Me: The Lost Robots, 80 денари
Point & Click авантура како во добрите стари времиња, но со уникатен Noir графички стил и интригантна приказна!
Оваа скромна листа е само дел од подобрите игри кои се исклучително евтини. Нормално, доколку решите да одделите двојно повисок буџет од овој, листата станува значително подолга, а вашите викенди уште позафатени! :)