6 работи што се открија за Path of Exile 2

Како гром од ведро небо и сомнително блиску до најавата за Diablo 4, студиото Grinding Gear реши да открие интересни работи за Path of Exile 2. Ова се шест кратки, но интересни новитети што би требало да ги знаете за продолжетокот на една од најпопуларните, бесплатни за играње, акциони-RPG игри.

1. Првенствено, Path of Exile 2 требаше да биде огромно надополнување на првата игра, а не засебно издание.

2. Сеуште нема датум на излегување, но првата бета за Path of Exile 2 би можела да се појави во доцните стадиуми на 2020 година.

3. Path of Exile 2 ќе има целосно нова кампања од седум поглавја, нов систем за скапоцени камења, нови возвишени класи, како и нова опрема и плен.

4. По завршување на кампањата, активностите кои стапуваат на сила се исти како и во првата Path of Exile (се мисли на endgame).

5. Сите новитети кои се планираат за втората игра, како визулена и техничка надградба, ќе бидат интегрирани и во првата.

6. Сите микротрансакции од првата игра ќе бидат префрлени во втората. Нема ништо да изгубите доколки решите да ги продолжите вашиот престој во Path of Exile 2.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии